Сајтови на Webflow
Брзи сајтови што се отвораат добро на телефон и што ги менувате сами. Кога има потреба, и WordPress со Elementor.
WordPressЗдраво, јас сум Виктор Василев
Со него работата беше лесна и инспиративна. Веднаш би работела со него повторно.
Славенија Поповскапрепорака на LinkedInсо Webflow, Figma и автоматизации
Учев софтверско инженерство, работев во магацин, и на крај стигнав до работата што ја сакам.
Меѓународниот славјански универзитет.
Работев и студирав, додека не дадов отказ за да учам.
Графички дизајн, па UI/UX и Figma, па Webflow.
Сајтови и визуели за фирма од транспортот. И денес.
Своја платформа, и сајтови и автоматизации за мали бизниси.
Шест работи за кои можете да ми се обратите. Дизајнот и градбата се кај ист човек.
Брзи сајтови што се отвораат добро на телефон и што ги менувате сами. Кога има потреба, и WordPress со Elementor.
WordPressАлатки што работат во прелистувач, со најава и база. На пример, систем за резервации или панел за Вашиот тим.
Апликации за Android и iPhone од еден ист код, направени со React Native и Expo.
Екрани и прототипови што ги кликате и пробувате во Figma, уште пред да се напише првата линија код.
Барањата сами одат во табела, потсетниците се праќаат на време, а рачното препишување исчезнува.
n8n
Make
Чет на Вашиот сајт што одговара на прашања и Ви ги праќа барањата на телефон. Таков е и асистентот на овој сајт.
Работам сам, па секогаш зборувате со истиот човек што ја прави работата, од првиот разговор до готовиот сајт.

Македонска платформа за долги текстови, каде што пишуваат само експерти избрани од уредништвото. Ја започнав сам, денес ја градиме тројца.

Webflow развој за холандски софтвер за тахографи: три нови јазици, нови страници за реклами и Academy, и поправка на индексирањето на блогот.


Нов сајт за сметководствено биро што работи од 1993, на македонски и англиски. Брз на телефон, со јасно објаснети услуги и барање понуда од секоја страница.

Виктор не е само талентиран и креативен веб-девелопер, туку и одличен слушател. Одвои време да разбере точно што сакам, поставуваше промислени прашања, и моите идеи ги претвори во дизајн што навистина ја отсликува мојата визија.

Разговор од 30 минути, по телефон или видео. Одговарам во рок од 24 часа.